Мажот кој смрзнуваше и гладуваше во Русиново ја доби потребната грижа
Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство ги преземаа сите мерки за згрижување на 69-годишниот Јован Пецуровски од малешевско Русиново, кој е со дијагностицирана психичка болест и за кого немаше кој да се грижи.
69-годишникот вчера со болничко возило беше транспортиран и сместен во ЈЗУ Психијатриска болница “Негорци” –Гевгелија, каде ќе ја добие сета грижа која му е потребна за рехабилитација.
Од МТСП велат дека ќе продолжат да ја следат состојбата на Пецуровски и дека ќе ги преземат потребните мерки.
07.12.2013 - 11:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа