ФОТО: Македонија напредуваше две места според индексот на корупција

 

Извештајот на Транспаренси интернешенл за оваа година, Македонија  е рангирана на 67. место според индексот на перцепција на корупцијата. Ова претставува подобрување за две места споредено со рангирањето од претходната година.

Македонија се наоѓа на 67 место, а го дели со Црна Гора. Пред Македонија на листата се најдоа  Хрватска на 57 место, Турција на 53., Словенија на 43 место, додека далеку позади Македонија се БиХ и Србија кои ја делат 72. позиција, Бугарија е 77, Грција 80, Косово 111, а Албанија е на 116 место.

Од рангираните 177 држави, најмалку корупција има во Данска, Нов Зеланд и Финска, а најкорумпирани се Авганистан, Северна Кореја и Сомалија.

Индексот за перцепцијата на корупцијата се мери со скала од 0 до 100, а најмногу поени добиваат земјите каде што корупција е најмалку застапена, додека 0 добиваат најкорумпираните.

03.12.2013 - 09:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега