Во Македонија се регистрирани 194 лица заболени од СИДА

Во светот денеска се одбележува Светскиот ден за борба против сидата. Во светот 35,3 милиони луѓе живеат со ХИВ/СИДА. Во 2012 година 2,3 милиони се инфицирале со ХИВ, а 1,6 милиони умреле од СИДА. Секој ден околу 6.300 луѓе се инфицираат со ХИВ, а секој час околу 262 лица.

Во Македонија се регистрирани 194 случаи на заболени од 1987 година досега, од кои 25 се годинава. Од новорегистрираните 25 лица годинава, 23 се од машки пол, а две лица се од женски пол. Според местото на живеење, од тие 25 лица, 18 се од Скопје, а по едно од Куманово, Богданци, Охрид, Крива Паланка, Штип, Струга и Тетово. 

Според начинот на пренесување на ХИВ, 14 лица се заразиле со ХИВ при хомосексуален однос, 10 при хетеросексуален однос, а во еден случај има пренесување од мајка на плод. Од нив, единаесет се на возраст 20 до 29 години, осум - 30 до 39 години, три-40 до 49 години, и по едно на возраст до шест години, од 50-59 години и над 60 години.

Смртните исходи на лица со ХИВ се намалени за 30 отсто односно во 2012 година умреле 1,6 милиони лица. Од почетокот на епидемијата околу 36 милиони лица умреле од ова заболување. На антиретровирусна терапија во светот се ставени 9,7 милиони лица.

01.12.2013 - 10:18
Фото: 
Дојче Веле

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега