Македонски менаџери на обука во странство - продолжува проектот „Топ менаџмент“
Владиниот потпарол Александар Ѓорѓиев денеска на пред-конференција информираше дека 150 менаџери од Македонија од идната година практично ќе се обучуваат во компании во Германија, Холандија и Велика Британија. Се работи за спроведување на втората фаза од проектот „Топ менаџмент“, во кој досега се реализираше во два циклуса во кои беа пријавени и поминаа теоретска обука по сто топ менаџери од македонските компании, односно 200 менаџери, кои ја завршија теоретската обука која опфаќа планирање, организација, контрола, ирзаботка на бизнис планови, стратешко планирање, лидерство..
Практичната настава ќе трае три или четири недели, а најголем дел од трошоците ќе ги покрие Владата. Ќе бидат опфатени менаџери од металопреработувачката индустрија, информатички-комуникациски технологии, трговија, земјоделство, сметководство, прехрамбена индустрија, туризам, консалтинг, шпедиција, маркетинг...
-Во извршувањето на практичната работа тие ќе добијат ментор, кој ќе работи со нашиот менаџер во насока на квалитетно влегување на процесите на таа компанија, стекнување нови знаења, практични искуства и вештини кои ќе допринесат за натамошен негов развој. По завршувањето на обуката по враќањето во Македонија менаџерите ќе имаат обврска да достават извештај до Владата и да направат презентација за стекнатите знаења и вештини пред останатите колеги и 150 менаџери дел од овој проект, рече Ѓорѓиев.
Според владиниот потпарол, услов за пријавување е менаџерите да поседуваат и сертификат за познавање странски јазик, кој треба да биде приложен до Владата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа