Централна прослава на Денот на албанското знаме
Со отворање на Меморијалниот центар „Албанска мајка“ во кичевското село Зајас, денеска ќе биде одбележана годишнината од Денот на националното знаме на Албанците – 28 ноември.
Центарот „Албанска мајка“ е изграден по повод 100-годишнината од Балканските војни.
Активностите за Денот на знамето се одвиваат под покровителство на претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети.
На 28 ноември 1912 година албанскиот дипломат Исмаил Ќемали, заедно со 83 делегати го постави националното знаме во Валона и ја прогласи Албанија за независна. Потоа, Собранието во Валона ја формираше првата Влада на независна Албанија управувана од Исмаил Ќемали.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа