Бектеши: Помала сметка за струја ќе плаќаат тие што ќе потрошат помалку, но имаат и помали примања
Министерот за економија, Крешик Бектеши гостуваше во „10 минути“ на „ТВ21“ при што даде коментар за струјата и нејзината цена.
Бектеши вели дека ќе се воведе нов модел на тарифа за струјата, па така граѓаните ќе плаќаат помалку ако трошат помалку, но имаат и помали примања.
„Ќе воведеме блок-тарифи со цел да имаме тарифа која ќе биде еднаква за сите граѓани во зависност од потрошувачката, но и приходите на потрошувачите“, кажа Бектеши.
13.05.2022 - 20:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа