Зголемени цените на угостителските услуги за 2,5 отсто
Цените на угостителските услуги во април годинава се зголемени за 2,5 отсто во споредба со претходниот месец, а пораснале за 9,8 отсто во однос на април 2021 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со март 2022 година зголемување е забележано во групите Храна за 3,2 отсто, Алкохолни пијалаци за 1,4 и Безалкохолни пијалаци за 4,6 отсто.
Цените на угостителските услуги, пак, за периодот јануари – април 2022 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 6,3 отсто, додека во споредба со декември 2021 година пораснале за 4,5 отсто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа