„Ореше“ ќе се отвори по четврти пат
Во Основниот суд во Велес денеска пристигна одлуката на Апелациониот суд, случајот "Ореше" по четврти пат да се врати во судницата.
Како што пренесува Плусинфо, случајот по четврти пат ќе го води судиката Тања Милевска.
За потсетување, во случајот им се суди на браќата Љупчо и Ордан Ѓорѓиевски за платеното убиство на велешанецот Лазо Милошевски од селото Ореше.
Засега не е познато на кој датум повторно ќе започне судскиот процес.
22.11.2013 - 16:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа