СДСМ: Шиповиќ да се брани од слобода!
Опозициската СДСМ денеска побара Мирослав Шиповиќ кој вчера беше екстрадиран во Македонија, да се брани од слобода.
- Под притисок на јавноста МВР не можеше повеќе да го одолговлекува процесот со екстрадицијата на Мирослав Шиповиќ, Претседавач на Советот на општина Центар.Но, тајното спроведување на Шиповиќ, во доцните вечерни часови и далеку од очите на јавноста, е уште еден скандал сам по себе кој покажува дека власта има потреба нешто да сокрие.И покрај однесувањето на МВР, како и сите пласирани дезинформации и полувистини екстрадицијата заврши и Шиповиќ е во Македонија. Иако немаше потреба Шиповиќ да се пресретнува на половина пат и тој можеше да се врати многу порано, велат од СДСМ.
Според СДСМ, намерите на власта се јасни. Чекорите што досега ВМРО-ДПМНЕ ги превзема, преку МВР и преку своите советници во Центар јасно покажуваат дека власта сака да ја блокира работата на Општина Центар.
- Ги повикуваме институциите предводени од ВМРО-ДПМНЕ да се создадат услови Шиповиќ да се брани од слобода. Со тоа ќе се овозможи Советот да се одблокира и да ја продолжи својата работа непречено, во интерес на граѓаните на Центар.Политичкиот процес што власта го води против Претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, е класичен обид за погазување на волјата на граѓаните и тој мора да запре, додаваат од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа