Брзата помош со детали: Денис Тот беше легнат пред дискотека, помодрен и со слаб пулс
Хрватскиот ракометар Денис Тот го загуби животот во клиничкиот центар во Скопје, откако екипата на Брзата помош го пронашла во тешка здравствена состојба, како што објави „НоваТВ“.
Во разговор со Здравствениот дом – Скопје добиле информација дека екипата на Брзата помош реагирала околу 4 часот пред ноќен клуб, каде што Денис бил легнат на подот и помодрен.
„Екипата пристигна да интервенира, а тој беше легнат пред дискотеката и помодрен во лицето. Немаше траги на насилство, а докторите констатираа ниска сатурација и слаб пулс. Лицето мирисало на алкохол, по што било префрлено во Ургентниот центар“, изјавиле за „НоваТВ“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа