ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДСМ беа на власт сега ќе позајмувавме пари од Грција
ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше на обвинувањата на Кире Наумов.
- Добро е што СДСМ не е на власт, инаку Македонија одамна би требало да прогласи банкрот. Со предлогот кој СДСМ го дава за поврат на 15% од собраниот ДДВ, во ризик би се ставила исплатата на пензиите, наплатите во администрацијата, на субвенциите за земјоделците, воопшто за функционирањето на секој суштински сектор во државата. Нивниот предлог може да ја доведе државата до неликвидност. Имено никој не може да предвиди колку ДДВ ќе се собере, а СДСМ однапред отпишува 15 отсто од собраното. Кога зборуваме за паника од изнесените предлози во јавноста, по објавувањето на наградната игра “Фискална во рака- награди без мака”, СДСМ е пред нервен слом, велат од партијата.
Можеме да кажеме само, среќа што СДСМ не ја водеше земјата во време на светската криза, инаку сега би позајмувале пари од Грција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа