Јанкулоска: Да не се злоупотребуваат децата за добивање политички поени!
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска на новинарско прашање околу инцидентите кои се случија во автобусите на ЈСП,ги осуди политичарите кои ги користат и злоупотеребуваат децата за дневно политички цели, па на истите им порача политичките поени да ги собираат на друго место.
-Човек кој што размислува со здрав разум не би можел една таква монстуозна конструкција да направи и да ги злупотреби децата за да креира криза. Ние како МВР ќе продолжиме и понатаму сериозно да се однесуваме кон оваа тема и да ја оставиме на страна политиката бидејќи имаме проблем кој треба да се решава. Во функција на решавање на тој проблем ние ги мобилизираме сите сили кои ни стојат на располагање во смисла на расчистување на досегашните инциденти на кои интензивно се работи меѓутоа и во функција на превенирање на евентуални идни инциденти, истакна Јанкуловска.
Министерката додаде дека насилството не може и несмее да биде оправдување за остварување на било какви цели.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа