Битолските лекари ќе учат странски јазици

 

Министерството за здравство денеска во Битола ќе почне со реализација на нов едукативен проект. Се работи за првата обука за изучување англиски и германски јазик за здравствените работници од Клиничката болница и Здравствениот дом во овој град кој ќе се реализира во сите јавни здравствени организации во Република Македонија, а ќе се имплементира во соработка со универзитетите во Скопје, Штип и Битола. 

Според информациите на Министерството, за изучување странски јазик во Битола интерес покажале 270 вработени, а во првата година од реализацијата на овој едукативен проект ќе бидат вклучени 200 лица.

Изучувањаето ќе се врши во две фази, односно првата фаза ќе биде насочена кон основното јазични познавање, додека во втората фаза ќе биде реализиран специјализиран курс со кој ќе се збогати и усоврши речникот од областа на медицината.

Досега повеќе од 350 доктори биле на едукација во реномирани центри во странство, само во минатиот месец околу 100 доктори биле испратени на едукација, а до крајот на оваа година ќе бидат испратени уште 178 доктори. 

16.11.2013 - 12:05
Фото: 
либертас

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега