Не сакале да платат патарина па му скршиле заб на обезбедувањето

 

Пред два дена во полициската станица во „Ѓорче Петров“, 38-годишниот Ф.М. од с.Љуботен пријави дека околу 21 часот, додека бил на работно место, на патарината „Глумово“, дошле три засега непознати лица кои не сакале да платат патарина, па затоа физички го нападнале обезбедувањето. Откако Ф.М. се приближил кон нив едно од лицата физички го нападнало и него, при што му скршило заб.

Полицијата превзема мерки за откривање на насилниците.

15.11.2013 - 12:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега