Стартува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2014

 

Комисијата за финансирање и буџет денеска ќе ја зaпочне амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2014 година. 

Пратениците два дена расправаа за буџетот, а сега остануваат уште осум дена за амандманите. Поднесени се вкупно 684 амандмани, од кои СДСМ има 316, НДП 178, ДПА 150, ПЕИ 33 и НСДП седум.  

Предлогот предвидува државната каса за наредната година да изнесува 176,5 милијарда денари. Приходите се планирани на 158 милијарди и 200 милиони, а буџетскиот дефицит 3,5 проценти и ќе се финансира од домашни и од странски извори. И на приходната и на расходната страна има зголемување за 7 проценти во однос на годинашниот буџет. 

15.11.2013 - 08:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега