ВМРО-ДПМНЕ: Заев со тоа што прифатил промена на учебниците согласно бугарските барања и откажување од народните херои ќе одговара за велепредавство
Вчера квинслингот Заев кажа дека ќе ги менува учебниците по историја од 2021 година, што значи дека ќе имаме учебници по бугарски терк, велат од ВМРО- ДПМНЕ преку соопштение.
„Премиерот во заминување Заев менувајќи ја историјата го менува идентитетот на Македонците. Со тоа Заеви и официјално започна да си го спроведува кажаното во срамното интервју каде се откажува од се што е македонско и прави ретуширање на историјата.
Велепредавникот Заев да каже дали го продаде АСНОМ, прифати ли дека бугарската окупација за време на Втората светска војна била администрација, го продаде ли Илинден, Гоце Делчев?
Сега е момент сите граѓани да се освестат и да одлучат дали ќе се спротиставиме на ова и ќе го заштитиме македонскиот идентитет или ќе сме соучесници во бришењето на македонската историја, сегашност и иднина.
Заев со тоа што прифатил промена на учебниците согласно бугарските барања и отказување од народните херои ќе одговара за велепредавство.“ стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа