Костовски: Ѓорѓи Димитров им даде права на македонското малцинство во Пиринска Македонија, а денес Заев им ги одзеде правата на сите Македонци
Пратеникот Дарко Костовски на протестот пред Министерство за правда во организација на ВМРО-ДПМНЕ под мото „Оставка за Заев, слобода за народот“ на граѓаните им заблагодари што и денес дојдоа за да се обранат националните интереси кои што Заев и Владата ги распродаваат.
„Економијата не ни била никогаш полоша, здравствениот систем гледаме секој ден капитулира, дека е во една жестока криза, а образовниот систем исто така ни е во жестока криза. Но она што е суштински најголемата дупка т.е. кратерот кој што Зоран Заев многу брзо го потонува тоа е поигрувањето со македонскиот национален идентитет“, нагласи Костовски.
Костовски додаде дека бродот на Заев тоне се подлабоко и подлабоко. Правосудниот систем не бил полош како денес поради неспособната власт. Судиите пресудуваат во корист на Заев и фамилијата, а не во име на законот.
„Ѓорѓи Димитров стана премиер на Бугарија непосредно по Втората светска војна, тој не само што не го доведе во прашање македонскиот национален идентитет, тој им ги даде сите права на Македонците во Пиринска Македонија. И пред се она суштествено право, право да се самоопределуваат како Македонци. Но затоа денеска се најде условно кажано Македонец, Зоран Заев да си игра и да тргува со македонскиот национален идентитет“, истакна Костовски.
Костовски посочи дека Зоран Заев се најде да си игра и тргува со македонскиот идентитет, дури се дрзнал да ги менува учебниците по историја каде што ќе се избришат бројни херои кои се бореле за правдините на Македонија и за постоењето на денешната слободна и суверена држава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа