Милошоски: Влада која бега од Собранието не е ниту демократска, ниту транспарентна
Влада која бега од Собранието не е ниту демократска, ниту транспарентна, напиша на својот фејсбук профил Антонио Милошоски.
„Денес бугарскиот дел на мешовитата историска комисија, ден пред новата онлајн средба со македонските историчари (3-4 декември), ќе реферира за сработеното и за позициите пред Комисијата за надворешна политика на бугарското Народно собрание, со цел да го покажат натпартиското единство на сите политички Во меѓувреме во Македонија Никола Димитров бега од Собранието како ѓавол од темјан“, стои во Фејсбук статусот на Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
-Изминативе 3 месеци и министерката за надворешни работи на Бугарија, и нејзиниот колега вицепремиер имаа 3 неколкучасовни обраќања, со дискусии, прашања и одговори пред нивните пратеници од сите политички партии. Со тоа покажуваат демократска култура и почит кон народните избраници. Во меѓувреме МНР Бујар Османи бега од македонското Собрание како неспремен гимназијалец од час по математика, пишува тој.
-И на сето ова поведение Заев збори за неефикасно Собрание, што е само срамна манипулација за недемократсиот однос на владата кон парламентот. Набројува европски практики, и предлага неуставни online седници (чл.69). А европските стандарди, и во Австрија, и во Бугарија, и во Франција, и Холандија се кратки и јасни: демократскиот капацитет на секоја влада се мери според нејзиното присуство и отчетност пред Собранието, како контролен механизам во демократските држави ! Затоа ОСТАВКА, вели Милошоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа