Паметните камери и мониторите за бебиња лесно можат да бидат цел на хакери

 

Паметните камери и мониторите за бебиња можат да бидат мета на хакери на интернет, предупредуваат експертите, јавува Би-Би-Си.

Британскиот национален центар за сајбер безбедност ги советува граѓаните да ги променат подесувањата штом ќе ги купат овие апарати.

Лозинките кои се лесни за погодување исто така можат да бидат еден од начините за хакерите тајно да ве следат преку поврзаните уреди.

Ијан Леви, директор на Центарот предупредува дека иако се работи за фантастични иновации, овие апарати се ранливи во можни сајбер напади.

Има доста примери за неовластен пристап до овие уреди.

Експертите за сајбер безбедност во 2017 година лесно хакирале и играчка за возрасни на која има камера.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2020 - 22:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега