Аиво Орав му го предаде прогрес - извештајот на Ахмети

 

Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав денеска во партиското седиште на ДУИ во Мала Речица му го предаде извештајот за напредокот на Македонија од Европската Комисија на претседателот на ДУИ Али Ахмети.Аиво

Според Ахмети, овој извештај е добредојден бидејќи покажал оти Македонија се уште се наоѓа во агендата на ЕУ и Брисел, како и дека е понатамошна помош и мотивација за сите политички категории во земјата да бидат мотивирани и фокусирани да се постигне напредок во правец на спроведување на потребните стандарди кои се во согласност со ЕУ и се значајни за унапредување на процесите во нашата земја.

- Овој извештај треба да се чита и анализира внимателно бидејќи тој јасно кажува дека статус кво не помага за развојот на земјата и доближувањето на државата до структурите на ЕУ. Нам ни треба многу посериозен пристап за да се реши главната причина, а тоа се разликите околу името односно постигнување компромис за надминување на сите потешкотии, изјави Ахмети.

Ахмети оцени дека статус кво ситуацијата има своја цена и ние: - Дојдени сме во состојба кога треба да изградиме филозофија или концепт како ние би се помрднале напред во овие процеси. Имаме многу пријатели што треба да ги ставиме во функција на решение на ова прашање со кое се соочуваме. Не смееме да бидеме индиферентни и да изјавуваме дека за сите прашања сме на добар пат за решавање бидејќи работите со кои се соочуваме се многу сериозни прашања и тие бараат решение, рече Ахмети.

За можните предвремени парламентарни избори Ахмети рече дека ДУИ секогаш подржувала чекори што се за доброто на државата, но според него во овој момент Македонија се соочува со многу поважни прашања кои бараат решение, а предвермените избори  дефинитивно не се тоа.

- Ние се уште не сме почнале да го анализираме ова прашање односно кои би биле придобивките за државата од предвремени парламентарни избори или е подобро тоа да бидат редовни избори. За нас поважно прашање е напредокот за изнаоѓање решение околу причината што ни стои на патот кон интегхрацијата во ЕУ, изјави Ахмети.

 

18.10.2013 - 15:08
Фото: 
евести

најчитано сега