Маратонска љубов: Дали е премногу да имате секс 11 пати дневно?

 

Може ли премногу секс да биде опасно за здравјето на жената? Одговорот го даваат експертите, на основа на конкретни примери и „проблеми“ со кои се соочувила една од читателите на британски Гардијан.

Таа раскажала дека таа и нејзиниот дечко уживале во сексуални маратони, па имаат односи 11 пати на ден. Американската психотерапевтка Памела Стивенсон Коноли, специјализирана за лечење на сексуални пореметувања дала одговор на нејзиното прашање дали е тоа премногу.

Читателката рекла дека во 11. обид почнале да имаат болки.

-Двајцата имаме премногу високи сексуални нагони и добро се сложуваме. Но мислам дека тоа може да му штети на нашето тело. Неодамна имавме однос 10 пати дневно. За време на нашиот 11. обид почна премногу да нѐ боли. Барам совет како да не се повредам или колку долго време ќе треба да се опоравам, напишала читателката.

Експертката и одговорила дека сексот треба да биде пријатен, па доколку боли треба да престанат.

-Ако боли, престанете, освен ако тоа вам не ви се допаѓа. Мојот совет овде не е за оние кои ги привлекува болката. Сексот не е конкуренција, ниту игра на храброст. Внимавајте на своето тело и размислете за тоа дали барате квалитет или квантитет. Ќе имате далеку позадоволителен секс ако се фокусирате на пружање и примање на задоволство, тврди Стивенсон Коноли.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 21:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега