Ахмети утре на средба со Орав и Волерс
Лидерот на ДУИ Али Ахмети утре претпладне ќе се сретне со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, кој ќе го достави извештајот за напредокот на Македонија. На средбата која ќе се одржи во седиштето на ДУИ во Тетово, соговорниците ќе разговараат и околу актуелната политичка ситуација во земјава и предизвиците помеѓу извештајот и самитот на ЕУ во Декември.
Како што информираат од ДУИ, по средбата Ахмети - Орав, лидерот на ДУИ ќе се сретне со амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс, со кого ќе разговараат околу средбите на Ахмети во Брисел, Париз и Хаг, за извештајот на ЕУ како и за интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ.
17.10.2013 - 14:21