Македонија ја има првата победа на ЕП

 

Македонија со победа ја започна групната фаза на Европското првенство, откако вечерва во Виена ја совлада Украина со 26-25 (13-10) и изби на врвот на табелата во Б групата. 

Лазаров ја донесе првата победа на Македонија не Европското првенство откако нашите ракометарите „прокоцкаа“ предност од пет гола во второто полувреме, но на крајот сепак успеаја да стигнат до посакуваната победа.

Најефикасни во македонскиот национален тим беа Лазаров со осум гола и осум асистенции, а Манасков постигна шест гола. Блескаше меѓу стативите Митревски. Кај Украина се истакнаа Остроушко со пет и Жуков и Акименко со по четири погодоци. Утре е слободен ден во групата Б, а в недела ни следи дуелот со Чешка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2020 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега