Арсовски: Русковска не е прифатливо решение за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи не го гони криминалот на Заев

Единствен кој што се залагаше за конкретно решение пероснализирано беше токму Зоран Заев кој што на секој начин се обиде да ја заштити Вилма Русковска да не биде сменета се со цел да го амнестира криминалот, вели Димче Арсовски Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во емисијата Само Вистина на Канал 5.

Арсовски потенцираше дека за ВМРО-ДПМНЕ е прифатливо секое решение кое ќе ја врши функцијата професионално, непристрасно и чесно, додавајќи дека јавната обвинителка не го води професионално случајот Рекет бидејќи во сред скандал кога целата јавност барала одговор за вмешаноста, таа заминала на колективен одмор а со тоа и овозможила на обвинетата Специјална јавна обвинителка Катица Јанева да брише докази.

Ние би го прифатиле секое решение кое што својата работа ќе ја врши чесно и професионално. Ние имаме наназад случаеви каде што еве последниот случај Рекет е воден тотално непрофесионално од страна на Вилма Русковска, која што во екот на истрагата кога требаше да биде достигнат врвот на истрагата Вилма Русковска отиде на колективен одмор. Дали некој и кажал да замине за да може да се прикриваат докази, за Катица Јанева да може да дивее низ Специјалното јавно обвинителство и да брише докази и да форматира компјутери, нагласи тој.

Арсовски, рече дека Рекет е најголем криминален скандал во кој што се вмешани високи функционери од власта па се до лица од шоу бизнисот мора да добие разрешница.

Ова е најголем случај во историјата на Република Македонија за корупција и за рекетирање каде што една цела криминално мафијашка спрега која што се бави со рекетирање од власт до шоу бизнис и апсолутно овој случај треба да доживее разрешница.

Арсовски ја искоментира и изјавата на Русковска дека Заев сам го пријавил случајот Рекет кај нејзе, укажувајќи дека за пријавување мора да постои записник а, потенцирајќи дека се спротивно од тоа е само едно начин да се тргне од целиот случај и вина.

Самата Вилма кажа дека Зоран Заев усно пријавил а нема записник. Па од каде да сме сигурни дека пријавил усно и од каде да сме сигурни дека тоа не го кажуваат координирано само за да се тргне настрана од целиот случај, на сите ни е јасно кој е главата на октоподот, објасни Арсовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2019 - 20:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега