Шахпаска: Реновирани повеќе оддели и клиники, остануваме посветени на унапредување на здравството

Владата предводена од СДСМ останува посветена на развој и унапредување на здравствената заштита и вистинска грижа за граѓаните и лекарите. Водени од целта да обезбедиме поквалитетно здравство, повеќе клиники и оддели во здравствените установи добија значително подобрени услови за работа. Во декември 2018 година, ги пуштивме во употреба реновираните хируршки сали на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ. Направена е комплетна реконструкција на операционите сали по сите светски стандарди. Целото реновирање изнесуваше над 30 милиони денари, најголем дел од средствата преку Фондот за здравствено осигурување, Министерството за здравство и околу 1.5 милиони денари од донации, кажа на денешната прес-конференција Јагода Шахпаска од СДСМ.

„Отворен и пуштен во употреба е и новиот Ургентен центар во Општата болница во Куманово, кој обезбедува здравствена заштита за околу 200.000 граѓани од кумановскиот регион.

Реновирани се и одделенијата за дигестивна хирургија, Универзитетската Клиника за хематологија каде целосно е реновиран Одделот за трансплантација, Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија и одделот за интензивно лекување на Универзитетската клиника за неврохирургија во Скопје.

Вакциналниот пункт во поликлиника Чаир е комплетно реновиран и доопремен согласно стандардите и упатствата на Светската здравствена организација. Во наредниот период ќе се реновираат и останатите вакцинални пунктови при Здравствен дом Скопје.

Реновирана е Службата за Итна медицинска помош во Битола и Службата за Итна медицинска помош во Здравствениот дом во Велес. Во итната медицинска служба во Велес изграден е лифт со цел пристапност на лицата со инвалидитет во оваа здравствена установа.

Завршена е првата фаза од реконструкцијата во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје . Третиот кат каде се сместени одделенијата за детска хирургија и пластична хирургија е целосно реновиран, а во моментов се реновираат првиот и вториот кат.

80% од градежните зафати од реконструкцијата во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид се завршени.

Со оваа реконструкција, Охрид добива современ регионален центар од областа на ортопедија и трауматологија а ќе се отворат и пет нови оперативни сали, со амбулантско-болнички и стационарен дел, по сите европски стандарди. Со тоа драстично ќе се намалат листите на чекање,и ќе се обезбеди современ и брз третман на итните ортопедско-трауматолошки и неврохируршки случаи.

Паралелно се одвиваат и активности од поголем обем како градењето на новата Клиничка болница во Штип, што е во процес.

Како одговорна партија продолжуваме посветено да работиме на обезбедување на квалитетно здравство и достојни услови за работа. Активностите за реновирање продолжуваат и во периодот кој следува во кој ќе бидат опфатени уште 34 јавни здравствени установи во државата.

 

За нас зборот важи. Се грижиме за сите граѓани“, кажа Шахпаска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.09.2019 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега