УХМР со убави вести - следува стабилизација на времето


Времето денеска променливо облачно време со локална појава на пороен дожд и грмежи, а наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер и изолирана појава на град. Денес ќе дува и засилен ветер од јужен правец особено во Пелагонија и во североисточниот дел од земјата. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.

Во наредните денови следува период на постабилно време и ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Претежно во планинските региони и од крајот на работната недела ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд проследен со грмежи.

03.06.2024 - 16:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега