Кочо Анѓушев донираше за уредување на црквата Св. Константин и Елена во Скопје
Скопската епархија, при Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, ја информира јавноста дека во изминативе 6 месеци интензивно се работи на внатрешноста на храмот „Свети рамноапостолни цар Константин и царица Елена“, во центарот на Скопје: се фрескоживописува и се привршува проектот за изработка на иконостасот и подот, а останува да се изведе електриката и да се уреди просторот околу храмот.
Фрескописот и другите потребни работи се извршуваат од донации, но за целосно довршување на храмот ќе биде потребна дополнителна помош, па се очекува да помогнат и верниците, стопанствениците, приватните бизнисмени како и сите луѓе – добронамерници.
Инаку, новиот храм се гради во спомен на урнатиот од земјотресот, и е во целосна сопственост на Скопската епархија, со сите подмирени долгови од порано кон изведувачот на градежните работи, кој долгот го пријави дури по неколку години.
Еден од главните донатори е Кочо Анѓушев кој во црквата донира како физичко лице, а информацијата ја потврдува и пред службата на неговите компании.
Лани на повикот на МПЦ, Анѓушев одлучил да помогне бидејќи самото име на црквата кореспондира со неговото име, но и со неговиот внук и внука исто така.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа