Дома му нашле куршуми - ќе одговара кривично
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Н.Н.(19) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 08.12.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми со калибар 7,62мм.
03.06.2024 - 17:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа