Дибиров: Очекував повеќе публика, ама кај нас и кога е пола сала - грми
Заменик капитенот на ракометниот клуб Вардар, Тимур Дибиров на прес-конференцијата по победата над Порто, го истакна задоволството од триумфалниот старт на домашен терен во ЛШ.
„Очекувавме дека Порто ќе пружи добар натпревар овде во Скопје. Така и беше, особено во првото полувреме. Имавме многу проблеми со нивната брза игра, но во вториот дел бевме подобри и најдовме начин како да играме против нивниот напад. Сигурен сум дека Порто го очекуваат многу победи, сигурно дека нема да ја заврши групата со 2-3 бода. Ова е тим којшто расте бргу и го очекува светла иднина. Верувам дека ќе ни биде тешко и во Порто.“, кажа Дибиров.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа