Арсовски: Се случувава еден од најголемите скандали во историјата на македонското правосудство

       

   Во овој момент, додека се држи оваа прес конференција се случува еден од најголемите скандали во историјата на македонското правосудство. По рецептот на Владите на СДСМ од 90-тите години, кога се избираа по 500 судии во еден ден, актуелниот конкурс за избор на кандидати за судии и обвинители во Академијата за судии и јавни обвинители е под директна контрола на двоецот Заев-Рашковски. Заев и Рашковски имаат за цел да изберат 60 судии и јавни обвинители, кои претходно самите си ги одбрале во канцеларии. Ова го вели Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

- Со доаѓањето на власт на Владата на СДСМ електронското полагање на испити е префрлено во просториите на Правниот факултет во Скопје, каде што во овој момент полагаат потенцијалните кандидати за судии и јавни обвинители. Истиот тој факултет е поранешното работно место на генералниот секретар на владата. Фирмата која го спроведува ова полагање е поврзана со двоецот од владата Заев -Рашковски. Според информациите на ВМРО-ДПМНЕ, двоецот Заев - Рашковски преку системитизирана методологија влијае врз електронските резултати на кандидатите, а во текот на вчерашниот ден неколку лица директно поврзани со Заев, Рашковски и СДСМ оствариле нетипично високи резултати. Толку високи резултати досега не се постигнати откако постои Академијата.   Затоа го повикуваме Рашковски, го повикуваме и Заев да одговорат, а конкретно Рашковски дали бил и што правел на Правниот факултет, во текот на неговото работно време во Владата, токму во моментот кога полагале кандидатите блиски до него и СДСМ? Министерката за правда, Рената Дескоска треба веднаш да одговори дали е свесна што се случува во нејзиниот ресор? Дали е свесна дека една од ретките светли точки на македонското правосудство пред Европските институции има селективен процес воден од кадровската Комисија на СДСМ? Дали е свесна министерката Дескоска за се погласните информации за земено мито за обезбедување на високи резултати од страна на двоецот Заев-Рашковски?, прашува тој.

          Бараме итна реакција од јавното обвинителство, кое по допрен глас треба уште веднаш да изврши електронска форензика и да испита како се постигнати историски високи резултати на тестовите од лицата кои се директно поврзани со двоецот Заев-Рашковски и со СДСМ.

       -   Русковска обвинителството и Кацарска судството добиваат свое продолжение, и тоа со директна вмешаност на познатиот двоец Заев - Рашковски, и затоа одговорност мора да има за ова, и мора да има час поскоро! А, обвинителството да си ја заврши својата работа во врска со овој скандал, додава Арсовски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2019 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега