Трагедија во Неготино: Се преврте трактор, загина маж


Вчера во 13.00 часот во ОВР Неготино било пријавено дека во место викано „Црно поле“, атар на Неготино, Т.К.(62) од Неготино, додека извршувал земјоделски активности на нива со трактор, изгубил контрола и се превртел со тракторот. Т.К. бил пренесен во Итна медицинска помош, каде што лекар констатирал смрт.

Известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Неготино.

09.05.2024 - 15:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега