СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ наместо да го блокира да го поддржи законот за јавно обвинителство

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, наместо да го блокираат, да го поддржат Законот за ЈО и да покажат на дело дека се за правна држава. Ова го велат од СДСМ денеска.

 

- До кога зборовите на Груевски ќе излегуваат на прес конференциите на ВМРО ДПМНЕ? Времето кога партиите кажуваа како да работи судството, а пресудите и процесите се диктираа во белиот дворец, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозицијаДенес, колку и да е тоа неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ законите важат за сите подеднакво, а секој кој се огрешил пред законот, одговора. Денес, со секојдневните измислени барања, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го закочи носењето на Законот за јавно обвинителство. ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Јавно обвинителство кој е значаен за зајакнување на капацитетите на правната држава. Тоа е важно за правдата, за граѓаните, но и за забрзување на евроинтеграцискиот процес на државата. Во спротивно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе докажат дека се на спротивната страна на правдата, во одбрана на криминалот и против интересите на државата и граѓаните. Надлежнит еинституции мора да ги расчистат сите отворени истраги и да постапуваат по секоја индиција за можен сторен криминал. Секој за кој ќе се утврдуи дека посташувал незаконски ќе одговара, без разлика на неговата етничка, верска или политичка припадност, без разлика дали е тајкун близок до ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2019 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега