Васев: Економијата тоне, со вакво темпо нема раст- потребни се предвремени избори

Државата и граѓаните осиромашуваат. Лошите економски политики, покачените даноци, криминалот и корупцијата во власта ја намалија продуктивноста во реалниот сектор, доприносот кој го има секој работник во реалниот БДП е во пад, изјави Светислав Васев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Според податоците на ДЗС бројот на вработениве во земјава во првиот квартал од 2019-тата година во однос на последниот квартал од 2018-тата година е во пораст, но наместо покачување во истиот период бележиме пад на реалниот БДП за 211 милиони евра. Ова е показател дека економијата тоне. Доколку ако земеме во предвид еден друг податок на ДЗС, според кој бројот на работниците во индустријата во јули оваа година, во однос на јули лани е намален за 2.5%, односно на 100.000 работници во јули лани, сега имаме 2.500 работници помалку. Од тука се поставува логичното прашање каде тогаш се новите вработувања? Дали нови вработувања имаме всушност во јавната администрација? Дали со тоа само дополнително се става товар на буџетот? Индустријата е рбетот на економијата и ако таа тоне, тогаш економијата е во општ колапс. Зоран Заев е виновен за лошите економски резултати. Првин ги покачи даноците, со што директно стимулираше одлив на инвестиции од државата во државите во соседството и даночна евазија. За потоа со криминалот и корупцијата да ги искасапи бизнисите и доведе до питачки стап. Епилогот е видлив. Работници со мали плати, непродуктивни и незадоволни, и бизнисмени без развојни можности. Со вакво темпо нема раст, туку стагнацијал, рече Васев.

Потребни се предвремени парламентарни избори. Заев е директно виновен за лошите резултати во економијата. Заев мора да си замине, подвлече тој.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2019 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега