Касами: Заев да собере храброст и да распише предвремени избори

Најновите политички случувања во земјава ги коментираше лидерот на партијата Движење Беса, Билал Касами во интервју за ТВ-емисијата „10 минути“ на телевизија 21 и рече дека Владата веќе нема кредибилитет.

-  За жал во случајот со Македонија важат законите на Марфи. Кога мислиш дека не може полошо овие луѓе во власта те изненадуваат со нешто уште полошо. За жал апсењето на Катица Јанева е само врвот на сантата мраз од еден огромен скандал кој и се случи на оваа Влада. Влада која се очекуваш да биде надеж, излезе дека е најголемиот неуспех и разочарување на македонските граѓани, вели Касами.

Касами додава дека неопходни се предвремени парламентарни избори и дека  Заев треба да собере храброст и да распише предвремени избори за народот да добие елита политичари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2019 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега