ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ криминалци се на улиците а патриоти по затворите

Македонија три години тоне. Кога ќе се тргнат розевите очила на Зоран Заев и ќе се погледне реалноста, секојдневието кое го живеат граѓаните ќе видиме. Ова го велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ:

–     

Понижени просветни работници.

–     

Земјоделци кои немаат ни за леб.

–     

Работници кои земаат минимална плата, ама враќаат дел од парите кои ги земаат  на рака на работодавачите.

–     

Лекари кои земаат  плата со која не се покрива ниту месечната потрошувачка кошничка.

–     

Бизниси кои се рекетирани.

–     

Пензионери кои добиваат покачување со кое не можат да си купат ниту литро зејтин.

–     

Студенти кои во ек на испитна сесија се уште не можат да се сместат во студентски дом.

–     

Судии и обвинители кои не работат по закон, туку по диктат на власта.

–     

Криминалци на улиците, а чесни граѓани и патриоти во затворите.

–     

Професори на кои не можат мирно да штрајкуваат затоа што власта им се заканува.

          Листата на понижувања и пропусти е бесконечна. Македонија не може вака. Со СДСМ на власт немаме функционална држава. Целиот систем е ставен во рацете на мафијата, а граѓаните се во заден план.

          На хаосот мора да му се стави крај. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро, додаваат тие.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2019 - 08:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега