СДСМ: ВМРО нема да успеат да ја спречат правдата за Рекет

Како што се размотува клопчето во случајот „Рекет“, така стравот  и нервозата во ВМРО-ДПМНЕ стануваат се поголеми. Ова денеска го велат СДСМ.

 - Заврши времето кога од партиски штабови се командуваше како да се водат истраги, како се нарачуваат судски процеси и пресуди. Градењето на независен, професионален и неселективен правосуден систем ги покажува вистинските резултати.  Денес, правната држава функционира неселективно за сите. Последните случувања покажуваат дека никој не е над правдата и дека секој ќе одговара за своите постапки, нешто што беше незамисливо во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Како одговорна партија, ги поддржуваме напорите на истражните органи за целосно расветлување на овој, но и на сите досега отворени случаи. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште имаат шанса да покажат дека навистина се за правда и неселективно владеење на правото, велат од СДСМ.

 

 Затоа, ги повикуваме да дадат придонес да се донесе Законот за Јавно обвинителство и да докажат со дела, а не само со зборови дека се за неселективно владеење на правото.

 - Нема да успеат обидите да се попречи правдата или истрагата да се насочи во друга насока.Секој кој ги прекршил законите ќе одговара, велат од таму.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.09.2019 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега