Грција „увезува“ работници од Египет

 

Грција годинава ќе почне да носи работници од Египет за привремено ангажирање на земјоделски работи, врз основа на договорот меѓу двете земји, чија цел е да се реши проблемот со недостигот на работна сила, соопшти денеска Министерството за миграција во Атина.

Се проценува дека грчката економија годинава ќе оствари раст од речиси три проценти, додека во земјите од еврозоната се очекува овој раст во просек да изнесува 0,8 проценти.

Заминувањето на работниците за време на повеќегодишната економска криза, намалувањето на населението и строгите правила за мигрантите ја доведоа Грција во ситуација кога и требаат десетици илјади работници во земјоделството, туризмот и градежната индустрија.

Врз основа на договорот со Египет од 2020 година, Грција ќе донесе околу 5.000 сезонски работници, пренесува Ројтерс.



Двете земји, исто така, размислуваа за проширување на планот во градежната индустрија и туризмот, објави грчкото Министерство за миграција.

10.05.2024 - 21:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега