СДСМ Апсењето на Боки и Зоки покажува дека имаме држава

Апсењето на Боки и Зоки за рекет врз познат бизнисмен за СДСМ бил доказ дека во државата постои заштитен механизам

„Државата изгради институции и систем коишто се борат против корупција, сите се еднакви пред законите. За СДСМ актуелниот случај покренат од обвинителството е доказ дека постои заштитен механизам на релација граѓани - обвинителство - МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција. Државата изгради институции и создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот, велат од СДСМ.

 Според партијата, сите се еднакви пред законите, а правда мора да има.

 - СДСМ ги охрабрува и ги повикува надлежните институции да спроведат длабинска и независна истрага, да постапуваат исклучиво според законите со крајна цел владеење на правото во нашата земја. Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи, мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена, во интерес на граѓаните и државата, завршуваат од СДСМ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска во писмено соопштение побара да се расветли кои се „Фрики“ и „Кики“, наведувајќи дека станува збор за високи функционери во СДСМ.

Кој е јавниот обвинител и зошто неговиот идентитет се крие? Зошто само е побарано да го предаде телефонот кога за многу помали случаи, со фингирани белешки оваа власт упаѓала во домови и притворала? Апсењето на Боки 13 е само дел од рекетарската приказна на власта. Тие што имаа среќа да не го почувствуваат на своја кожа рекетот на власта, читаа како функционери на СДСМ блиски до Заев заедно со медиумски сопственик се заканувале на фирми и бизнисмени дека доколку не ја платат побараната сум, утре може да ги снајде некое злодело. Ова е институционален криминал кој што невозможно е да бил спроведуван без знаење на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Впрочем и самиот Заев призна дека не само што знае за рекетарската сага, туку дека знае и кои лица се кријат позади псевдонимите, велат ВМРО-ДПМНЕ.

 

Опозициската партија вели Заев и неговите најблиски соработници не смее да бидат амнестирани.

- Истрагата мора да продолжи и целата разврска да резултира со одговорност за сите ликови од  оваа рекетарска и криминална банда вклучително и функционерите од владата и СДСМ. Зоран Заев ги деградираше и девалвираше институциите. СЈО го претвори во продолжена рака за заштита на сопствениот криминал и политички прогон врз неистомислениците. Мора да има одговорност за криминалите во СЈО. Владеењето на оваа власт го бележат единствено криминал, корупција и расипништво. СДСМ и Зоран Заев мора што поскоро да си заминат за да се врати владеењето на правото и законите во Република Македонија, завршуваат од ВМРО

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2019 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега