Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
Првиот круг од изборите помина во генерално мирна и демократска атмосфера. Се надеваме дека така ќе биде и за време на кампањата вториот круг од претседателските избори и за параламентарните избори и дека целиот процес ќе заврши со позитивни пораки, изјави денеска амбасадорот на Европската унија во земјата Дејвид Гир.
-Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР веќе го издаде прелиминарниот извештај од Првиот круг на изборите. Изборите се одвиваа во генерално мирна и демократска атмосфера и навистина се надеваме дека во вториот круг на претседателските избори, тие исто така и во кампањата за парламентарните избори тие ќе се надградат во овој позитивен замаец што ќе овозможи целиот процес да заврши со позитивни пораки и со позитивно чувство, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир, кој денеска присуствуваше на одбележувањето на Европската недела на имунизација во Градски парк.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа