Двајца полицајци завршија во болница - тепачка во Скопје
Двајца полицајци со повреди завршиле во Грдската болница во Скопје откако вчера околу 21 часот откако се обиделе да приведат неколку лица кои учествувале во тепачка, јавува Плусинфо.
Според информациите на порталот, двајца полицајци околу 21:30 кај американската амбасада во Скопје затекнале група луѓе меѓу кои и лице кое издржувало зтворска казна а за празниците било пуштено на викенд, но не се вратило во затворот во предвидениот рок.
Кога полицијата се обидела да го приведе, била попречена од неколку лица по што се собрале голем број граѓани и почнале со камења да фрлаат по полицајците. Во дождот од камења двајцата полицајци се здобиле со повреди по што биле префрлени во болница а оштетено е и едно полициско возило. Кога стигнало засилувањето, приведени биле уште 4 лица на ворзаст меѓу 30 и 53 години. Од МВР најавуваат мерки за целосно расветлување на случајот и соодветни пријави.ж