Мицкоски: Неспособноста на Владата и анти реформски ориентираниот премиер Заев продолжуваат со вообразениот министер за финансии Тевдовски

 

Очигледно промашувањата и неспособноста на анти бизнис Владата и анти реформски ориентираниот премиер Заев продолжуваат надополнети со вообразениот министер за финансии Тевдовски. Кога зборува за приходите Тевдовски треба да прави разлика помеѓу приходи од УЈП и приходи на целиот буџет на Република Македонија, што се две различни категории.

Минатата година велеа и проектираа дека приходите во буџетот ќе растат за 9 проценти. Сега велат дека тие растат за 6.6 проценти што е потфрлање за 2.4 проценти. Или со други зборови ако продолжи овој тренд до крајот на годината потфрлањето ќе биде над 82 милиони евра или над 5 милијарди денари што е огромна сума за било која влада во регионот. Ова ќе биде уште еден доказ за неспособната Влада и нејзиниот антиреформски тим кој има потфрлање во секоја област.

Цената на ваквата неспособност ја плаќаат граѓаните. Затоа велиме дека на Македонија и е потребна обнова. Обнова со која ќе ги намалиме даноците и ќе го вратиме рамниот данок, со која ќе ја намалиме покачената акциза за горивата и ќе направиме економска обнова на Македонија. За секој еден човек, за секој еден граѓанин, напиша на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2019 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега