Фијаско: Тачи и Османи се скараа уште пред да се видат

 

Се сакараа уште пред да се договорат. Лиерите на ДПА и НДП, Мендуј Тачи и Руфи Османи не најдоа заеднички јазик по идејата да се окрупни албанската опозиција во Македонија. ДПА предложи партијата на Османи да се претопи во нивната и заеднички да им парираат на ДУИ. Ова Османи го дочека со контра предлог.

 Поведувајки се од ставот дека тоа е национален интерес, НДП го нуди моделот на соработка на социјалистите и партијата на Илир Мета од последните избори во  Албанија како најадекватен. НДП ги овластува пратеникот Наџи Џелили и Весел Мемеди да воспостават контакт со Зијадин Села, овластен претставник на ДПА и да почнат со разговори, стои во соопштението на партијата на Османи. 

 

Во ДПА ова го разбраа како провокација и остро одговорија дека ги прекинуваат сите разговори за соработка. Тие му порачаа на Османи дека е алатка на СДСМ и дека наскоро, неговите пратеници, сами ќе прејдат во предовите на ДПА

04.10.2013 - 22:38

најчитано сега