СДСМ: Место да глумат морал ВМРО да гласаат за одземање мандат на Груевски
СДСМ со соопштение до јавноста кое ви го пренесуваме во целост.
ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на криминал, корупција и злоупотреби нема никаков кредибилитет да зборува за лична и морална одговорност.
Павле Богоевски покажа висока морална одговорност пред граѓаните, вредност што за ВМРО-ДПМНЕ е непозната.
Оставката на пратеникот Богоевски од морални причини отвори едно значајно прашање: Дали пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски процеси ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставка од функцијата пратеник во Собранието на Република Северна Македонија?
Наместо лицемерно да зборуваат за чест и морал, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да престанат да го штитат криминалот на Никола Груевски, нивниот почесен претседател во бегство и да гласаат ЗА одземање на неговиот мандат а оние против кои се водат судски предмети да се повлечат од нивните функции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа