Беса: СЈО работеше селективно, но даваме начелна поддршка

 

Очекувавме многу од СЈО, не како политичари туку како граѓани, особено од она што слушавме во домовите, изјави на денешната прес-конференција, Фадил Зендели од Беса.

– Не сме задоволни и сметаме дека за одредени случаи имаше селективен пристап. Имавме чувство дека, немаше ист пристап кон сите афери. Ние како Беса, ќе подржиме решение кое е во насока на борба против корупцијата. Не е само да го подржиме како про-форма, очекуваме функционалност и принципиелност, вистински луѓе да бидат поставени, и да дадат максимални капацитети во таа борба, посочи Зендели.

На прашањето дали смета дека селективноста се однесува на функционери од ДУИ, Зендели повтори дека не само за нив туку очекува да нема никаква селекција за никого.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2019 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега