СДСМ: Морбидното ВМРО-ДПМНЕ да престане да злоупотребува човечки трагедии

 

Морбидното ВМРО-ДПМНЕ нема концепт и продолжува да злоупотребува несреќи и човечки трагедии за дневнополитички цели, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Игор Николов од ВМРО ДПМНЕ.

„Во период кога се уште има лица кои се борат за живот по страотната несреќа, ВМРО-ДПМНЕ на морбиден начин се обидува да собере ситни политички поени. 

Благодарение на брзата, ефикасна и навремена интервенција на здравствените служби, итната медицинска помош, противпожарната служба и Министерството за внатрешни работи беше спречена уште поголема катастрофа, а можеби и повеќе човечки жртви.

Целокупниот здравствен систем беше активиран во рок од 15 минути по информацијата за несреќата која се случи кај селото Ласкарци а екипите и службите на Министерството за здравство покажаа максимален и професионален ангажман во спасување на животите на тешко повредените.

Во меѓувреме тече истрагата за несреќата во Ласкарци  од страна на Основното јавно обвинителство, а според јавно објавените информации, веќе се обезбедени докази и се сослушуваат сведоци за целосно расветлување на  истата.

 

ВМРО-ДПМНЕ да престане со морбидната навика да злоупотребува несреќи и да ги остави надлежните институции да ја расчитат несреќата“, се вели во реакцијата на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2019 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега