Бранко и Љубчо се договориле меѓу себе да не се гонат кривично?

Претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ и социјалдемократите си договориле меѓусебна амнестија. Изјавата на лустраторот Чедомир Дамајановски дека постоел договор меѓу лутите политчки ривали повторно ги враќа шпекулациите за постоењето на скандалозен договор меѓу Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски, пишува Дневник.

Во намерата да ја деградира работата на Комисијата за лустрација Дамјановски рече дека досието Темел, за следењето на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се водело од безбдносни причини и финкционерите од партијата требало да одговараат кривично.

-Тврдам дека тоа следење било од безбедносни причини. Според мене, целиот врв на партијата требало да биде гонет, притворен, обвинет и да одговара, но, најверојатно, е некој договор. Договор меѓу власта и опозицијата да не се гонат поради раскинување на националното ткиво. Апсолутно, според мене, го загрозиле поредокот – изјави Дамјановски.

Темата за постоење договор за меѓусебна амнестија меѓу Црвенковски и Георгиевски повторно се актуелизираше кога лидерите од лути политички противници, станаа коалициони партнери

 

 

24.09.2013 - 22:42

најчитано сега