Лоши вести за љубителите на кисела зелка: Бидете внимателни ако го имате овој здравствен проблем
Натурологот Георгиј Назаров предупредува на можни штетни ефекти поради начинот на обработка на овој зеленчук.
-Сепак, потребно е да се согледаат позитивните и негативните дејства на киселата зелка - вели Георгиј Назаров руски натурлог.
-За поткиселување на зелката се користи голема количина на сол, а тоа не е здраво, особено после јадење кога се пие голема количина вода. Кога во организмот се внесува голема количина сол лицето може да заболи од зголемување на крвниот притисок, солта во организмот станува оптеретување и тешко се исфрла, а солта го ремети односот на калиумот и натриумот, па влијае на грчење на мускулите особено околу вратот и кичмата - вели Георгиј.
Ако патите од висок крвен притисок, може да конзумирате свежа зелка, која ја има во продавниците дури и во најладните месеци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа