Брза посна торта со пудинг и чоколадо - царица на трпезата за Архангел Михаил

Супер посна торта за утрешната посна трпеза за Архангел.

 

  • 600 мл. природен сок од портокал 
  • 3 лажици шеќер 
  • 80 гр. пудинг со ванила 
  • 250 гр. посен маргарин 
  • 200 гр. желе 
  • 200 гр. ореви 
  • 100 гр. посно чоколадо 
  • 500 гр. посни бисквити 

 

  1. Се меша пудингот со шеќерот и се додава малку сок за да нема грутки, а остатокот од сокот се става да врие и се вари во него пудингот и се меша додека не згусне. 
  2. Се додава исечен маргарин и се меша да се стопи, па се трга од оган да се лади смесата. 
  3. Исечете ги желе бонбоните, чоколадото и оревите, а бисквитите ситно искршете ги или изронете ги. 
  4. Ставете ги бисквитите во голем сад со пудингот, желе, ореви и чоколадо и измешајте. 
  5. Полека мешајте од долу нагоре за да се соедини. 
  6. Ставете ја смесата во фолија и израмнете, па оставете да се стегне преку ноќ во фрижидер. 
  7. Утредента ставете го на чинија, па растопете 150 гр. чоколадо со 3 лажици масло во микро околу 15 секунди и ставете го ова горе како глазура.

 

Извор: Готви.Мк

 
 

 

 

20.11.2018 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега