Вирусите ќе ве заобиколат: Никогаш нема да настинете - зајакнете го имунитетот со овој напиток

Куркумата е популарен зачин, особено во Индија, каде што се додава во многу јадења, и тоа не само поради специфичниот вкус, туку и поради здравствените предности кои ги има. 

Токму таков, здрав, е и следниов моќен рецепт за напиток кој ќе направи да пукате од здравје. Овој пијалак ја комбинира куркумата со уште неколку други состојки кои, исто така, се исклучително корисни. Пијалакот е богат со витамин Ц и антиоксиданси, делува против болки и воспаленија поврзани со артритис и други хронични болки, а корисен е и како извор на многу витамини за целокупното здравје.

Потребни состојки:

- 1 лажица куркума
- 1 парче свеж ѓумбир (5 см)
- 5 моркова
- 2 лимона
- 1 портокал
- 1 краставица

Подготовка: Излупете ги цитрусите и исечкајте ги заедно со ѓумбирот и морковите. Соединете ги сите состојки во блендер или соковник и служете го пијалакот ладен. За најдобри резултати, испијте го овој сок наутро, половина час пред појадок.

Зошто е здрав овој напиток?!

Лимонот е одличен природен извор на витамин Ц, што е добро за имунолошкиот систем. Но, дали знаевте дека витаминот Ц ја зголемува апсорпцијата на железо и го намалува ризикот од мозочен удар? Причина плус за овој сок да биде дел од вашата секојдневна исхрана.

Ѓумбирот има исклучително дејство врз дигестивниот систем, се користи за лекување на разни извори на гадење, вклучувајќи ги и утринските мачнини или мачнини од хемотерапија.

Морковот, кој е полн со витамин А се смета за еден од најздравите видови на храна. Сокот од овој зеленчук може да го спречи или забави ракот, а е одличен извор на есенцијални хранливи материи.

Вистинскиот херој на овој пијалак е куркумата, која е позната како силно антивоспалително средство кое е ефикасно против чир на желудникот и разни дигестивни нарушувања.

 

 

 

13.11.2018 - 22:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега