Kирацовски: Како генерација имаме обврска да и помогнеме на Македонија да тргне напред

 

Како генерација имаме обврска да и помогнеме на нашата Македонија да тргне напред. Оваа, е одлука на нашата генерација, истакна пратеникот во Собранието на Република Македонија, Александар Кирацовски за време на денешната посета на општина Могила.

На средбите со граѓаните од Могила и другите пелагониски општини, Кирацовски посочи дека референдумот што ќе се одржи в недела е клучен чекор и затоа не треба да се седи дома, туку масовно да се гласа.

– В недела се соочуваме со историската одлука. Сите подеднакво одлучуваме за нашата иднина и сите сме исправени пред предизвикот и изборот, дали да одлучиме за изолацијата во минатото или за напредокот во иднината. Како генерација имаме обврска да и помогнеме на нашата Македонија да тргне напред. Ова, е одлука на нашата генерација. Клучен чекор за тоа е референдумот в недела. Во недела секој глас ЗА, носи подобра иднина на нашите деца. Што и да направите в недела, порача Кирацовски, тоа трајно ќе влијае врз иднината на нашиот живот, но и врз иднината на државата.

 

Кирацовски во придружба на градоначалничката на општина Могила Јасмина Гулевска, повика на масовно гласање, кое, како што рече ќе обезбеди иднина на европска Македонија.

-Недела не е ден за седење дома. Недела е ден за носење историска одлука. Недела е ден за гласање и затоа сите заедно одлучно да изгласаме за европска и перспективна Македонија, нагласи Кирацовски за време на денешната посета општините од Пелагонискиот регион.

 

 

 

26.09.2018 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа